Со заземање на деструктивен став кон сеопфатната забрана за нуклеарни тестови, САД се чини го подготвуваат теренот за продолжување на нуклеарните проби, соопшти руско Министерство за надворешни работи по повод 20-годишнината од ратификацијата на овој меѓународен договор од страна на официјална Москва.
Тасс соопшти дека руското Министерство за надворешни работи оцени дека „САД заземаа деструктивна позиција затоа што соопштија дека немаат намера да го ратификуваат овој договор, истовремено подготвувајќи го теренот за потенцијално продолжување на нуклеарните тестирања”.