Раководството на регионалната кошаркарска АБА лига по седницата потврди дека во новата сезона која ја закажа да стартува во септември, двете лиги (Првата и Втората) ќе бидат составени од по 14 екипи. Во ваков формат со по 14 екипи ќе се игра до сезоната 2024/25. Мак-баскетот во регионалното натпреварувања доби две места. Најтрофејниот домашен колектив Работнички, како дебитант во ова натпреаврување е верификуван во АБА2 лигата, каде во последниве две сезони играше и актуелниот шампион МЗТ Скопје, кој пак сеуште е во неизвесност дали ќе се пресели во елитното натпреаврување како нареден тим според пласманот, откако тимот на Приморска поради финасиски проблеми во националното првенство во Словенија е испратен во нисколигашките натпреаврувања. Според правилата на АБА лигата екипите кои играат во ова регионално натпреаврување мора да бидат членови на елитните национални лиги.
Во АБА 2 лигата покрај македонските претставници, МЗТ Скопје Аеродром ако административно не биде префрлен во прволигашкото натпреаврување, и Работнички, другите екипи кои ќе играат се: Спарс, Слобода Ужице, Слобода Тузла, Златибор, Студентски Центар, Сутјеска, Широки, Горица, Хелиос, Ловќен, Младост Земун и Подгорица.
Во очекување на расплет со словенечкиот тим Приморска кој избори пласман во прволигашкото друштво преку АБА 2 лига, во ова лига ќе играат: Партизан, Црвена звезда, ФМП, Мега, Крка, Олимпија, Цибона, Сплит, Морнар, Игоека, Задар и Борац.