Атлетико веќе не се интересира за Кавани

Шпанскиот фудбалски тим Атлетико Мадрид повеќе не го интересира уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани на кого му завршува догворот со францускиот првак ПСЖ. Ова го пренесуваат шпанските медиуми. Денеска на искусниот Кавани му завршува договорот „светците“, по што тој ќе биде слободен играч.

Според „АС”, тимот на Атлетико Мадрид повеќе не размислува за негов ангажман.

Уругваецот беше интересен за Атлетико во зимскиот преоден рок, но се соочи со многу високи финансиски барања од неговиот менаџер и негов брат.

Сега главниот кандидат за нов клуб на фудбалерот е Рома. За него исто така е заинтересиран и Интер.

Во сезоната 2019/20 година, 33-годишниот Кавани настапи на 22 натпревари за ПСЖ, постигна седум голови и забележа три асистенции.

Треба да знаете
Последни објави