Во Босна и Херцеговина во послендите 24 часа, евидентирани се вкупно 109 заразени од коронавирусот.
Според податоците на Федералниот завод за јавно здравство во изминатите 24 часа во Федерацијата БиХ тестиранисе 775 примероци, од кои 69 се позитивни. До сега се тестирани вкупно 54.940 примероци, а Ковид-19 е потврден кај 2.154 лица.
Оздравеле 1.056 пациенти, од кои пет во последните 24 часа. Активни се 1.042 случаи.
До сега во ентитетот забележани се 56 смртни случаи, а во послендите 24 часа едно лице.
Институтот за јавно здравство на Република Српска соопшти дека во последното деноноќие евидентирани се 40 новозаразени од корона вирусот, со што вкупниот број во БиХ на новоинфицирани во последните 24 часа е 109 лица.