Италијанскиот фудбалски трофеен стручњак Масимилијано Алегри повеќе не е на платениот список кај шампионот Јувентус со кого доминираше во Серија А, но не и на евро-сцената поради што мораше да ја напушти клупата на „старата дама“.
Италијанските медиуми објавија дека Алегри откако му заврши обврскта кон Јувентус може да размислува за враќање на тренерската клупа. Сега нема потреба да преговара и со Јувентус за отштета бидејќи го плаќаше иако не беше ангажиран во тренажниот процес.
Неодамна Алегри потврди дека активно е посветен во изучувањето на англискиот јазик и дека се подготвува за работа надвор од Италија. Името на Алегри по заминувањето од Јувентус се поврзуваше со преземање на англиските тимови Манчестер јунајтед и Тотенхем, францускиот ПСЖ… но каде ќе седне трофејниот италјански стретег останува дилема.