Мисајловски: СДСМ со скапи реклами велат дека градат Клинички Центар во Ѓорче Петров, но ова позади мене е пустош и ништо не се гради

Интегрален текст од изјава на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

„Денеска се наоѓам во Ѓорче Петров а зад мене е клиничкиот центар на СДСМ.Со скапите реклами што ги најавуваат од СДСМ дека градат клинички центар може да погледнете на оваа полјана дали нешто се гради и дали воопшто има Клинички центар.Ова е симболот на СДСМ за проекти. Го повикувам градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски да дојде и да каже дали се гради тука Клинички центар.

Го повикувам Оливер Спасовски да дојде и да покаже на граѓаните дали овде се гради Клинички центар, дали има нешто започнато. Доста е со лаги и манипулации, доста е со вашите црни сценарија, доста е со вашите симболи за неспособност и неработа. Доаѓа време на обнова.

Нека погледнат граѓаните внимателно, додека СДСМ размислува како да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на терен насекаде за да ги покаже сите симболи од проекти на СДСМ. Клиничкиот центар не постои, како што не постојат ниту 230 километри нови автопати, како што не постојат и тие 500 километри најавени автопати, како што не постојат инфраструктурни објекти во Ѓорче Петров и во целата изборна едница 2.

Ова позади мене е пустош. Ова е нешто што три години го најавуваа дека ќе го започнат, а сега во изборната кампања велат дека го градат. Затоа почитувани граѓани ве замолувам внимателно да изберете овој пат,  дали сакате  обнова или проекти, или сакате неспособност, лаги, пустош приредени од СДСМ.  Вие избирате и затоа на 15 јули изберете Обнова.

 

 

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави