На покана на претседателот Бранко Азевски, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во хотелот „Белви” како специјален гостин присуствуваше на Собранието на „Стопанската комора на Македонија“, со кое претседаваше г-динот Антони Пешев. Министерот информираше за можностите коишто се отвораат за бизнис секторот по постигнувањата на Владата во однос на реализацијата на стратешките цели.
-Изминатиов период се посветивме на создавање услови за прогрес на економијата, а со тоа и проспиретет на граѓаните. Капиталот што беше вложен во нашата надворешна политика е инвестиција за иднината на македонската економија. По членството на НАТО добивме предвидливост, можност за повеќе странски инвестиции и подобрување на кредитниот рејтинг, а отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ ќе значи и интензивирање на соработката со претпријатијата на коишто им е потребна помош за добивање пари од европските фондови. Пред нас се клучни години. Нема подобра формула за успех на македонската економија од заедничката работа и блиска соработка на бизнисот, државата и науката,истакна Димитров.
На средбата стана збор и за можностите за создавање на ефикасен модел за поддршка на бизнисот од страна на дипломатијата, пред се‘ во настапот на нови пазари.