Поранешната четврта тенисерка во светот Јелена Докиќ, во интервју за британскиот „Телеграф“ меѓу дрогото зборува и за пеколот низ кој поминала додека активно му била посветена на „белиот спорт“. Пред две декади на неофицијалното светско првенство, гренд-слем турнирот Вимблдон играше во полуфиналето и загуби од Американаката Линдзи Девенпорт со 6:4, 6:2. Тоа за австарлиската тенисерка Докиќ беше најголемото достигнување во кариерата на гренд-слем турнирите. На ВТА листата Докиќ највисоко се искачи до четвртата позиција, а и покрај овие успеси била во ситуација да посегне по својот живот, бидејќи нејзиниот татко Дамир по потеко од Србија, кој и беше и тренер и го направил животот пекол. Поранешната австралиска тениска ѕвезда Докиќ уште од најрана возраст била физички малтретирана од нејзиниот татко, кој редовно ја удирал, ја тегнел за коса, ѝ плукал в лице, ја навредувал… По поразот на Вимблдон бил посебно бесен…
Наместо да и честита на успехот, почнал да ја навредува што било причина да биде скршена и да помисли на извршување самоубиство.
-Поминав низ пекол, но немав избор. Требаше да се откажам или да се борам со тоа. Во еден момент сакав да се самоубијам. Малку ми фалеше да го направам тоа. На тенискиот терен, како и во животот го давав најдоброто и мислев дека ќе најдам решение. Да бидам искрена, секогаш успевав. Се борев за да имам подобро утре. Верувајте ми, играв тенис уште десет години и се борев со депресија, а да имав адекватна поддршка ќе бев уште подолго на теренот, откри Докиќ.
Австарлиската теиска ѕвезда Докиќ во својата кариера освои шест титули.