Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ Дуелот на телевизија 24 му порача на Зоран Заев дека човек обремен со судски случај за поткуп не може да биде реформатор.
-Имаме една јас и Вие господине Заев а тоа е што Вие ве разбирам влеговте во овој процес на судството со едно обвинение кое што во тоа време беше случајот поткуп, а јас влегувам без никакво обвинение. И сега не може човек кој што е обремен со судски случај да биде реформатор, му порача Мицкоски на Заев. Реформатор може да биде човек кој не е обремен со судски случаи, вели Мицкоски.