Попладнево околу 17 часот во атарот на село Баница, во близина на Градските гробишта кај Струмица, изгоре штала, а била зафатена сува трева и грмушки, информираат од Територијалната противпожарна единица.
Во гаснењето учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, а пожарот е изгаснат околу 18:20 часот.
Причинета е само материјална штета, а причините за пожарот ќе се испитуваат.
За пет дена ова е четврти пожар на отворено во Струмичко.