Глигорова: Ревизија на целиот систем на наплата, потребно е ослободување од должничкото ропство

Ана Глигорова од „Движењето на слободни граѓани“ во коалиција со ГДУ за емисијата „Топ тема“ изјави дека тие како движење десет години се на улици и граѓаните ги знаат по борбата со извршителите и борбата против лошата судска наплата.

„Нашите главни програмски приоритети се деблокирање на блокираните трансакциски сметки затоа што на тој начин е блокиран целиот наплатен систем во Македонија и блокирана е економијата. Ако не ги деблокираме трансакциските сметки ако не ги вратиме извршителите во судскиот систем, ние нема да имаме пазар на труд, добар систем на наплата, а со тоа нема да имаме развиена економија“, вели Глигорова.

Според неа, тие во нивната програма имаат добри предлози за имплементирање на финскиот и исландскиот образовен систем во земјава.

„После тоа ќе се залагаме и за ветинг на судиите, бидејќи 30 години се соочуваме со организиран криминал. Ќе бараме и приватизирање на Стопанска банка. Украдени се 30 милијарди евра од граѓаните во изминатите 30 години. Тие пари кога ќе ги вратиме ќе ги насочиме во финанскиот фонд за помош на граѓаните“, изјави Глигорова.

Треба да знаете
Последни објави