Зендели: Причината зошто имаме многу албански политички партии е поради неуспесите на ДУИ и ДПА

Во втората изборна дебата која ја реализира ТВ21 со претставници од шестата изборната единица, стана збор и за големиот број на албански партии во Македонија.

„Имаме ДУИ партија која од 20 пратеници, падна на 10. Големиот број на албански партии е резултат на неуспесите на политичките партии кои беа во Влада, од независноста досега“, вели Фадил Зендели од Беса и коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ.

Зендели додава дека новите партии се формираат поради неуспехот на политиките на ДУИ и ДПА, бидејќи тие ја монополизираа албанската политичка сцена.

 

Треба да знаете
Последни објави