Брук Шилдс изгледа и се чувствува подобро од кога било.
54-годишната актерка и поранешен супермодел се фокусира на одржување топ-форма со постојано вежбање на домашен терен во Хемптонс, Њујорк.
На фотографијата што ја сподели во вторникот на Инстаграм, Брук, облечена во арктичко сина рамбовка, темни хеланки и патики, ги покажа своите тонирани и добро обликувани раце и раменици.
Ѕвездата на „Сината лагуна“ минатиот месец на социјалните мрежи сподели предизвик за викенд вежбање дома – двоминутен клип на кој таа ја покажува својата агилност и флексибилност за истегнување користејќи топка за поддршка.
„Слушајте го вашето тело и направете измени ако сакате, важно е да направите вашето тело да се движи!“ вели Шилдс, која има две ќерки Роуан (17) и Гриер (14) со сопругот сценарист Крис Хенчи (56).
„Активноста е добра за телото и умот“, додава таа.