Стотина слонови угинаа во Боцвана, што се опишува како катастрофа за околината. Над 350 слонови угинале од непознати причини, а фотографиите од авион ги прикажуваат нивните мртви тела расфрлани по реката Окаванго и другите делови на земјата.
Првите случаи биле забележани во јуни за време на лет над делтата на реката Окаванго, мочуриште и бујно живеалиште на дивите животни.
„За време на тричасовното летање забележани се 169 угинати слоноови“ рекол др. Ниал МекКан за Би-би-си.
„ Еден месец подоцна најдени се уште мртви тела, со што бројот се зголеми на 350“ додал тој.
Владата на Боцвана се уште не извршила тестирање на траги од отров или патоген, но, антраксот е исклучен како причина за смртта. Труењето со цијанид претходно го користеа ловокрадци во Зимбабве.