Тренерот на СПАЛ, Луиџи Ди Бјаџо, е разочаран од исходот на дуелот со Милан во 33. коло од Италијанскиот фудбалски шампионат.
Мечот заврши 2:2, а гостите од Милано од пораз се спасија со погодок во последните минути.
– Разочарувачки е затоа што навистина бевме толку блиску до победата и веќе почнавме да веруваме дека победивме. Работевме напорно, бевме добро подготвени и направивме многу добра работа, што не беше лесно кога игравме 10 наспроти 11 за еден час. Горд сум на моите играчи. Ние мора да продолжиме да се бориме за да останеме во Серија А и да веруваме во тоа до самиот крај, изјави Ди Бјаџо.
СПАЛ по 29 кола во Серија А е на претпоследното (19.место) со седум бода помалку од „безбедната” зона.