Русија ги објави новите податоци за бројот на починати и заразени од коронавирус.
Денеска се пријавени 6.760 нови случаи, со што е надмината бројката од 660.000 случаи на инфекција од почетокот на пандемијата. Сега тој број е 661.165.
Во изминатите 24 часа починале 147 лица, односно од почетокот на пандемијата во Русија се регистрирани вкупно 9.683 смртни случаи како последица од Ковид-19, пренесе „Ројтерс“.
Русите денеска ја отворија вратата за претседателот Владимир Путин да остане на власт до 2036 година, откако на организираниот референдум големо мнозинство гласачи го поддржа пакетот реформи што ќе му овозможат да се кандидира за претседател уште два пати, а критичарите предупредуваат дека исходот на референдумот е фалсификуван.
За прв пат во Русија гласањето траеше една недела со цел да се зголеми излезноста на граѓаните, но и да се намалат толпите на избирачките места поради пандемијата.