Листа на акредитирани здруженија на наставници кои организираат натпревари за основци

Министерството за образование и наука објави листа на акредитирани здруженија на наставници за организирање натпревари на учениците по одделни предмети во основно образование.

Листата е подготвена по јавниот повик за акредитација на здруженија на наставници кои организираат натпревари на општинско, регионално и на државно ниво за ученици од основните училишта кој МОН го објави на 13 февруари 2020.

На листата се 23 акредитирани здруженија и се наведени наставните предмети, видот на натпревари за кои се акредитирани и датумот на решението за акредитација

Треба да знаете
Последни објави