Морнарицата на САД ги предупредува морнарите да не купуваат ЛСД на „мрачната мрежа“

Морнарицата на САД неодамна објави бизарно предупредување во кое ги повикува морнарите да не купуваат ЛСД на „мрачната мрежа“ затоа што е опасно и веројатно ќе бидат фатени, пренесува „Њујорк пост“.

Властите велат дека нелегалниот пазар на интернет честопати им продава на корисниците халуциногени лекови под закрилата на наводна анонимност, но федералните агенти имаат начини да ги фаќаат купувачите, посочува пораката објавена од Морнаричката истражна служба минатиот четврток.

„Неодамнешните извештаи откриваат дека сè поголем број луѓе купуваат недозволени супстанци преку ‘мрачната мрежа’ поради перцепираната анонимност дадена од алатки како што е ‘Онион рутер’. Иако таа нуди анонимност со прикривање на IP-адреси, агентите користат разни истражни техники за да ги идентификуваат и купувачите и продавачите“, се вели во известувањето на НЦИС.

Освен тоа, дрогата и лековите што се продаваат на темната мрежа понекогаш се измешани со штетни хемикалии, предупредуваат властите.

„Дригата купена преку ‘мрачната мрежа’ честопати е измешана со други супстанции во опасни комбинации што можат да доведат до смрт. Покрај тоа, меѓународноите, федералните, државните и локалните служби за спроведување на законот работат колективно, користејќи различни техники за да се инфилтрираат на пазарите, да ги идентификуваат корисниците и да се борат со недозволената закана од дрога“, се вели во известувањето.

Не е јасно зошто морнарицата почувствувала потреба да го издаде советот.

Морнарицата престана да ги тестира морнарите за употреба на ЛСД во 2006 година и нема начин да знае дали морнарите сè уште ја користат другата, според армиската веб-страница за вести taskandpurpose.com.

Но, во мај 2018 година, 14 офицери на Воздухопловните сили задолжени да ги штитат нуклеарните ракетни силоси во Вајоминг беа казнети за земање ЛСД помеѓу смените, потег за кој некои велат дека едноставно се должи на здодевноста.

Дрогата и лековите на мрачната мрежа – почнувајќи од кокаинот до лекови за дијабетес – се продаваат преку специјализирани пребарувачи, генерално користејќи технологија за криптирање за да се заштити идентитетот на корисниците.

Треба да знаете
Последни објави