Затвореник од КПУ „Идризово“ починал во болница, информираат од МВР.
-На 01.07.2020 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен со влошена здравствена состојба Е.Б.(59) од Тетово, кој издржувал казна затвор во КПУ „Идризово“. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, велат од полицијата.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Директорот на Идризово“, Боби Мојсовски за 24 инфо изјави дека затвореникот имал историја на болести, бил и асматичар, но дека нема поврзаност со друг затвореник, кој е позитивен на Ковид 19.