Што ќе правиме на 15 јули? На 15 јули ќе победиме толку силно, што ќе треба да се случи обнова, не онаа што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, туку во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и таму има чесни и поштени луѓе, кои ќе се оградат од криминалот, кои ќе покажат дека сакаат да има правна држава, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме”, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.
Познат е ставот на ВМРО-ДПМНЕ правдата, гласаа против законот за јавно обвинителство, кој стапи во сила, само да се спречи правдата, нагласи Митрески.
Тој истакна дека ќе продолжиме понатаму, конечно да ја исчистиме дамката од судството и конечно да функционира правда и ред во нашата држава.
Изборот на 15 јули е лесен – парите кај граѓаните или во белата палата, или иднина на нашата држава или враќање во темното минато, нагласи Митрески.
На 15 јули ќе победиме заедно, сплотени, како една тупаница, бидејќи можеме многу повеќе многу подобро, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата Можеме, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.