Заев од Пониква: Лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да ги разберат зборовите на Гоце Делчев за светот како поле за културен натпревар меѓу народите

„Градевме мостови на пријателство, коешто пријателство ќе им се најде на следните генерации. За овие две години трговијата со Бугарија е порасната преку 15% и преку 21% со  Грција. Се отвораат нови можности за нови инвестиции. Денеска имаме мостови на пријателство со сите наши 5 соседи. Затоа што го разбираме светот поврзан, како културен натпревар меѓу народите, онака како што зборуваше Гоце Делчев. Никогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да го разберат тоа што Гоце го зборуваше!”, порача претседателот Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина на Пониква, близу Кочани.
Претседателот Заев истакна дека денеска живееме во земја признаена од целиот свет во којашто живеат Македонци, признаени од целиот свет коишто зборуваат македонски јазик признат од целиот свет.
„Создадовме пријатели околу нас. Ги отворивме сите можни перспективи и за сегашните и за идните генерации. И сега на вака отворени фронтови за напредок сигурно нема да враќаме режим. Затоа, одиме напред затоа што можеме уште повеќе, уште подобро”, рече претседателот Заев.
Тој додаде дека граѓаните нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицковски да ја втурнат државата во провалијата од режимското минато, а тоа го потврдуваат и анкетите кои покажуваат водство на СДСМ и коалицијата „Можеме”.
„Овој гол, квази патриотизам, што го гледаме од истите луѓе на Груевски се повеќе се разобличува. На Мицкоски му е најтешко затоа што е разобличен до гола кожа. Тој се правел за гола власт, моќ и пари. Денеска и ЕУ го разобличи со одлуката за утврдување на преговарачката рамка преку која се потврдува признавањето на македонскиот јазик, со ова сме блиску кога нашиот јазик ќе стане официјален во Брисел. Сите околу Мицкоски, сите се поранешни функционери на Груевски. Александар Николовски од Охрид е кандидиран во Струмица. Нема поим човекот што е земјоделие и земјоделска мака. Овде во тројка исто така е кандидиран еден од криминалците на Груевски, го слушавте на снимките за заканите и за притисоците што ги правеле. Тие со ваквите кадри сакаат да ја  понижат интелигенцијата на народот. Истите се, не се промениле, Мицкоски беше директор поставен од Груевски, се исто е таму. Затоа ние имаме кандидати со резултати и со знаење и треба да ги поддржиме”, додаде претседателот Заев во своето обраќање пред граѓаните на Кочани.

 

Треба да знаете
Последни објави