Не три, две ипол години толку траеше мандатот на нашата влада предводена од премиерот Заев, две ипол години успеавме и да ја зголемиме платата од 9.000 на 14.500 и да создадеме нови 60.000 работни места и затоа кога ќе излеме пред вас и кажеме ако за две две ипол годни можеше да порасне за 5.500 денари за 4 сигурно ќе испееме да порасне за толку.
Знам дека ќе ми верувате затоа што сте свесни дека дури и во најтешкото за време на коронавирусот не дозволивме фирмите да останат сами а луѓето да останат на улица.
Ние сме земја членка на НАТО, дел сме од најмоќната алијанса на планетата, веќе не зборуваме за егзистенција, зборуваме за тоа како уште повеќе да го подобриме животот на нашите граѓани.
Затоа на 15 јули народот ќе ја донесе правилната одлука. Одлука за напред не за назад. Одлука за иднина а не мрачно минато. Победуваме, порача Шекеринска од Крушево.