Кратко видео од улиците на Барселона во рекорден рок се проширило на социјалните мрежи.
Виралното видео ни прикажува релативно „обичен“ автомобил, „VW Golf“, на еднакво обично место, на улиците на Барселона, но сепак доволно интересно и посебно за да привлече големо внимание.
Тоа се случило пред сè благодарение на возачот на „Голфот“, кој одлучил оштетениот автомобил да го изнесе на пат и практично да покаже дека е во возна состојба, пренесува „Index.hr“.
Кровот буквално е здробен, па нема ни задно стакло, а возачот веројатно со краен напор може да го следи сообраќајот.
Добра вест е дека сите делови на возилото делуваат исправно, па може ад се заклучи дека „Голфот“ настрадал при пад на некој предмет.
Иако станува збор за автомобил кој е сè, само не евтин, возачот очигледно се одлучил да заштеди на влечна служба и автомобилот самостојно да го однесе на поправка ризикувајќи средба со полицијата.
Потсетуваме, станува збор за „Golf“ од седмата генерација. Развива 310 коњски сили и 400 Nm, а до „стотка“ крева за 4,6 секунди.