„Според мое мислење, малку е веројатно дека враќањето во нормала – концерти, летови, нормална работа и летувања на какви што сме навикнати ќе се случи пред февруари следната година“, рече Мурашко, а пренесе агенцијата „Интерфакс“.
Во моментов во Русија се регистрирани повеќе од 667.000 случаи на зараза со новиот коронавирус и е трета земја по бројот на заразени, по САД и Бразил.
Речиси 10.000 луѓе, меѓу кои и околу 500 медицински работници, починале од Ковид-19 во Русија, покажува официјалната статистика.
Како што стапката на инфекција опаѓа, повеќето руски региони започнаа со олеснување на рестриктивните мерки по двомесечниот карантин, а министерот нагласи дека носењето маски на јавни места останува задолжително за да се спречи ширењето на инфекцијата.