Манчестер Јунајтед ја потврди разделбата со Анхел Гомез, кој го напушти клубот. 19-годишниот талент ја отфрли понудата за нов договор и сега е слободен агент.
Во клупската изјава се вели:
„Манчестер јунајтед може да потврди дека Анхел Гомез не го прифати неговиот предлог нов договор и затоа го напушти клубот. Секој во Манчестер Јунајтед му посакува среќа на Анхел во иднина и да му се заблагодариме за неговите напори за клубот”, велат „црвените ѓаволи”.
Гомез е еден од десетте играчи што го напушти Манчестер Јунајтед на почетокот од овој месец. Главниот кандидат за неговиот потпис е Челси.
Гомез влезе во игра на само шест натпревари за првиот тим оваа сезона. За Манчестер Јунајтед, заминувањето на Гомез е особено разочарувачки затоа што тој е дел од академијата на „црвените ѓаволи” уште од шест години.
Анхел одигра три дуели и во Лигата на Европа оваа сезона како стартер.
Неговиот последен натпревар за „црвените ѓаволи” беше пред пандемијата во победата од 4:0 против Норвич во јануари.