Српската Либерално демократска партија издаде соопштение во кое демантира дека нивниот лидер, Чедомир Јовановиќ е во критична состојба по запалението на белите дробови и констатираниот Ковид 19.
,,Состојбата на Чедомир Јовановиќ е стабилна, без влошување и несакани компликации. Лекарите се задоволни како се одвива лекувањето.
Тој нормално комуницира со семејството и се движи“-објави оваа партија.
Велат дека не е приклучен на кислородна поддршка.