За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство на коронавирусот.

Како што се најавува, од утре ќе биде укинато барањето секој оној што ќе го напушти Пекинг ќе мора да има негативен тест за вирусот, не постар од седум дена.

Во изминатите 24 часа во Пекинг се регистрирани два нови случаи на коронавирус, пренесува АП.

Треба да знаете
Последни објави