Без вода денеска ќе останат дел од корисниците од втора зона (околу 50 куќи) на улица „Христо Татарчев” поради уличен дефект Ф-2 на таа улица, соопшти ЈП „Водовод и канализација”-Скопје.
Поради реконструкција на водоводна мрежа Ф-80мм на улица „Иван Хаџиниколов” раскрсница со „Скендер Бег”, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од улиците „Иван Хаџиниколов”, „Бранко Заревски” и „Скендер Бег” од 14 часот до завршување.