„Од Шуто Оризари пораката за недискриминација најмногу значи. Во време на режимот на Ромите не им беше дозволено да излезат од државата. Веднаш ја променив таа одлука кога станав министер. Што е помалку еден Ром од еден Македонец? Не смее да ни се случи власт што ги дискриминира ромите”, рече Спасовски во интервјуто на ТВ Шутел.
„Велеа и дека ќе влечат за уши. Затоа велиме никога повеќе режим и вие најдобро знаете што тоа значи. Масовно да излеземе на изборите на 15.јули и сите сплотено, заеднички да продолжиме по патот на сигурноста што го трасираше оваа Влада”, повика Спасовски во интервјуто за ТВ Шутел.