Дури 289 нови случаи на инфекција со коронавирус во Босна и Херцеговина беа потврдени во саботата од страна на јавните здравствени институции на Федерацијата БиХ и Република Српска.
Како што пренесуваат регионалните медиуми, ова е најголем број на новозаразени во еден ден откако инфекцијата со коронавирус се прошири во БиХ во март годинава.
Во Федерацијата БиХ биле потврдени 186 нови случаи на инфекција по спроведени 1.288 тестирања, а во Република Српска каде биле направени 543 тестови, 103 биле позитивни на коронавирус.
Рекордни 99 нови случаи на инфекција се регистрирани во Сараево за само 24 часа.
Тоа е најголемиот број на новозаразени потврдени за еден ден во главниот град на БиХ од прогласувањето на епидемијата.
Во специјалното одделение на Клиничкиот центар во Сараево, сега се хоспитализирани 32 пациенти со Ковид-19, од кои еден е на респиратор.