Заев од Крива Паланка: Ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО, со обезбеден идентитет, со признат јазик, тоа е вистински патриотизам тоа е вистински успех

Ја исполнивме првата стратешка цел, членство во НАТО, ја остваруваме и втората со почеток на преговори за членство во ЕУ и нема да дозволиме да се враќаме назад во изолација, порача вечерва од граѓанската трибина во Крива Паланка, претседателот на СДСМ и носител на изборната листа во ИЕ 4, Зоран Заев.
– Денеска имаме имотен лист,  имаме обезбедени граници и загарантирана безбедност со членството во НАТО. Денес нашиот идентитет е загарантиран, нашиот јазик е признаен од сите, последен доказ за тоа е потврдата од ЕУ, целото законодавство на Унијата ќе биде преведено на македонски јазик. Тоа е првиот чекор во станувањето на македонскиот јазик како еден од јазиците на Европската Унија. Ова е шанса ова е можност да си го јакнеме македонскиот идентитет, сите да знаат и за Македонецот и за македонскиот јазик. Тоа е успех, тоа е патриотизам, посочи претседателот Заев.

 

Треба да знаете
Последни објави