Вечерва од Дебар на граѓанска трибина, заменик претседателката на СДСМ – Радмила Шекеринска се обрати пред граѓаните и зборуваше за сработеното од страна на владата на СДСМ.
Кога ќе видиме резултат на таа наша работа среќни сме. Тоа не исполнува. Ништо од тоа што се случи не ни падна од небо, ништо не ни го подарија, се измачивме својски. И како што порано сме викале ги жртвуваа своите животи за нешто да постигнат од некој навистина и тоа се бараше.
Ама кога работиш со душа и срце и кога знаеш дека е тоа исправно ништо не е тешко. Овие 2,5 години реално удиравме темели на една подобра куќа на сите нас и знаете дека таа куќа не се гради ниту за една ниту за две години, ако не ставиме цврсти темели џабе ќе биде сето друго.
Ние тие темели ги поставивме длабоко и ги направивме силни. Тие темели се три, секој од нив подеднакво важен. Едно од нив е членството во НАТО за да не се плашиме, за да не ни пишуваат црни сценарија, за да не се секираме за граници, за иднина, за непријатели.
Заедно сме со најмоќните во светот. Таа стабилност нема цена, нема алтернатива. Вториот темел кој го вградивме во нашата куќа се преговорите со ЕУ и немајте дилеми само ние тие темели можевме да ги ставиме