Спасовски од Бутел 2: До 20.000 минимална плата, до 34.000 просечна, грантови за своја фирма до 15.000 евра се реални најави, Мицкоски ќе ги загрози интеграциите и со него нема ни економија

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски на средбата со жители во Паркот во општината Бутел (Бутел 2) најави покачувања на платите и пензиите и грантови за отворање сопствен бизнис.
-Најавуваме просечна плата до 34.000 денари и минимална плата до 20.000 денари во следните четири години.
Најавуваме раст на пензиите согласно растот на платите и покачување на најниската пензија за најмалку 21 процент.
Најавуваме грантови до 15.000 евра за млади и за жени, за отворање сопствени фирми, рече Спасовски.
Тој објасни дека ова е предвидено во новата развојна економија поставена на реални основи, бидејки земјата е стабилизирана на политички план, стана членка на НАТО, отвораме преговори со ЕУ и ќе се зголемуваат и поддршката на домашните претпријатија и странските инвестции.
-ВМРО-ДПМНЕ нема концепт како ќе ја води државата, штом планираат да ги загрозат  интеграциите и со тоа им паѓаат во вода и сите најави за економијата коишто се зборување напамет. Тие само сакаат обвова на режимот и нови поделби, затоа се опасност. Ние градиме Едно општество за сите дома, се грижиме за сите и ги развиваме евроатлантските интеграции. Затоа опцијата на овие избори е една, да продолжиме заедно во сигурна иднина и со нова развојна економија којашто отвора шанси за сите, рече Спасовски.

 

Треба да знаете
Последни објави