Денеска од Куманово, на локалитетот Студена вода, кој што интензивно се уредува за спорт и рекреација со финансиска поддршка на Владата, носителката на листа во ИЕ2, Сања Лукаревска говореше за новиот економски концепт за развој на државата.
-Социјал демократскиот сојуз и коалицијата ”Можеме” обезбедуваме нова македонска развојна економија, за стабилен раст, повисоки плати и шанса за сите. Продолжуваме со поддршка на домашните и странските компании со 600 милиони евра, една милијара евра странски инвестиции за следните 4 години. Невработеноста ќе ја намалуваме за 3% годишно, до едноцифрена стапка на крајот на мандатот. Платите ќе растат, минималната на 20 000 денари, а просечната на 34 000 денари, пензиите ќе ги следат платите, субвенциите за земјоделците се зголемуваат на 200 милиони евра годишно, го цениме трудот на луѓето, рече Лукаревска.
-Македонската развојна економија ги вклучува сите граѓани, а енергијата, иновативноста и креативноста ги црпи од младите луѓе и во младите уште повеќе ќе вложува. Создаваме амбиент во кој младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Поддржуваме стартапи формирани од млади кои нема да мора да прават административни и логистички трошоци. Инвестираме во перспективна, заедничка иднина, без разлики и поделби. Оваа држава ни припаѓа на сите подеднакво и е наша заедничка одговорност. Затоа, на 15 јули одиме на избори заедно и ќе победиме. Нема враќање на тие што не знаат економија, на тие што се против секоја мерка за враќање на парите кај граѓаните, зашто ги сакаат само за себе. Има кој знае, покажавме, а Можеме уште повеќе, уште подобро.