Мила Царовска можеше во овие три години но не направи ништо за граѓаните. Владата на СДСМ беше фрлена на криминал, корупција и рекет. Заради тоа Македонија тонеше во секој аспект, граѓаните осиромашуваа, а економијата крахираше.
Над 500 илјади луѓе живеат во сиромаштија, од кои 140 илјади се млади сиромашни. Над 47% од младите се невработени, а 80 % од вкупниот број млади во земјата сакаат да се иселат во странство. Како вицепремиер за економски прашања Мила Царовска се покажа како крајно неспособна во оваа половина година. Растот на БДП во првите три месеци, уште кога немаше криза е едвај о,2%, невработеноста е зголемена за најмалку 15 илјади нови лица, а околу 30 000 луѓе немаа земено априлска плата.
Царовска и СДСМ покажаа дека не знаат и не можат да донесат повисок стандард на граѓаните. Не можеа во овие три години, нема ни во иднина. Затоа граѓаните масовно даваат поддршка на Обновата, бидејќи таа нуди реални проекти и решенија како раст на пензиите за 20%, раст на платите за 25%, 4 милијарди евра странски инвестиции, од кои 3 сериозни инвестиции во првите 100 дена, најмалку 4% раст на БДП секоја година, 20.000 евра грант за набавка на механизација за младите земјоделци, 0% персонален данок за вработување на млади до 29 години, намалување на невработеноста под 10% и уште многу други.
СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!