Добар ден,
Денеска сме овде во Прилеп, разговараме со прилепчани поврзано со оваа тешка сурова реалност која што се случува изминатите три години.
Тоа можевме да го слушнеме и од нашите соговорници без разлика дали станува збор за граѓани кои што се вработени во администрацијата, луѓе кои што се занимаваат со некој вид на претприемништво, занаетчии, пензионери, млади, буквално секаде низ Прилеп состојбата е иста како што е впрочем низ цела Македонија, а тоа е лоша тешка, тешко се живее, младите не чувствуваат перспектива во Македонија и гледаат час поскоро да ја напуштат, повозрасните, поискусните се разочарани, исто така се обесхрабрени, понижени, омаловажени, практично една тешка слика.
Но, она кое што можеме да го слушнеме од нив е дека Коалицијата за обнова на Македонија добива акламативна поддршка, добива огромна поддршка од прилепчани, и јас чувствувам дека за нешто помалку од 10 дена од денеска овде во Прилеп, Коалицијата за Обнова на Македонија ќе постигне историски резултат, можеби најголема победа од независна Македонија.
Клучното прашање кое што го поставуваме до прилепчани е дали живеат подобро, без исклучок, 100 проценти од одговорите кои што ги добивме се дека не само што не живеат подобро, туку живеат многу полошо и од порано.
Така што сето она 12 дена кампања го слушнавме низ Македонија се повторува и овде во Прилеп и тоа е доказ дека нема исклучоци, дека буквално оваа тригодишна пандемија од ова раководство на СДСМ и Зоран Заев буквално ја зафатило цела Македонија.
Така што еве јас тука би завршил со впечатокот, денеска продолжуваме во Кривогаштани, Крушево, повторно вечерва се враќаме тука пред прилепчани имаме мал собир со граѓани, се надевам дека и таму ќе слушните дел од пораките кои што практично ги опфаќа нашата читанка Проект обнова.
Прашање: Вчера имаше аудио запис дека се правел план за палење на возило на ваш член, односно член на ВМРО-ДПМНЕ, вашиот коментар?
Имаше реакција од Русковска и Кацарска околу употреба на нивните ликови во вашите нови спотови, ваш коментар?
Одговор: Што се однесува до вашето прво прашање, нормално е човек кога ќе го слушне тоа добива чувство на згрозеност и чудоневиденост практично каква е коалицијата помеѓу оваа влада и ова раководство на СДСМ и Зоран Заев и на неговото семејство, што би рекол еве дискутабилни и проблематични структури во општеството. Слушаме како се прави план за палење на возило на лице кое што е блиско до опозицијата, во случајот ВМРО-ДПМНЕ и самото тоа може да потврди впрочем кој е организаторот, сценарист и оперативно кој го спроведе она што се случи на потпретседателот Мисајлоски. Еве она нека биде една индиција, нека се позанимаваат обвинителите и јас тука би се надоврзал веднаш на вашето второ прашање, наместо да се занимаваат со спотовите на опозицијата кои што имаат за цел сатирично да ја прикажат реалноста во нашата држава, наместо да се занимаваат со тоа што го прави опозицијата еве стигаат, допира гласот до нив има индиции за адвокат кој што говори за 6 милиони, гледаме како бизнисмен нудиле или платиле 300 илјади евра, се споменуваат лица кои што се дел од Владата, највисокото раководство на Владата предводена од СДСМ, ДУИ и Зоран Заев. Така што јас би ги охрабрил и Русковска, а потоа и Кацарска наместо да работат под политички диктат и да се трудат од петни жили да ги задоволат страстите на Зоран Заев да се позанимаваат со она за што народот ги плаќа, тоа е да обвинуваат по закон и да судат по закон. Деновиве имавме многу таков материјал да можат тие да постапуваат, еве јас ги охрабрувам нека постапуваат.
Прашање: Тука сте денес во Прилеп, во регионот, што е она што како партија барате промени на граѓаните и ја бара довербата од граѓаните на следните парламентарни избори, што е она што вие ќе им понудите?
Одговор: Многу пати во минатото Зоран Заев и би рекол ова раководство на СДСМ говореше дека ВМРО-ДПМНЕ нема програма. Ние дури и организиравме настани низ цела држава кои што ги именуваме како „Разговори за Обнова на Македонија“, оттаму собиравме идеи, предлози од граѓаните, потоа внатрепартиски работевме, многу експерти кои што се политички определени и неопределени, од земјава и од странство учествуваа во изработка на овие 360 страници многу внимателно одбрани во кој што има повеќе од 1000 проекти, мерки, политики и така натаму. Буквално има таму за секого, во сите области. Ние чуда не ветуваме, ние не сме СДСМ, ние не сме волшебници, ние тоа што ќе го ветиме тоа и ќе го исполниме затоа што нашиот политички противник знае да вети многу работи, а прашање е дали во еден мандат ќе успее по некој едноцифрен процент од тоа што ќе го вети да го испорача. Ние стоиме со нашиот кредибилитет и во проектите во економијата и во проектите во здравството и во проектите за младите, за повозрасните, за пензионерите, за индустријата нов принцип на реиндустријализација, дигитализацијата ние како проект го најавивме па потоа бледо го копираа овие од СДСМ, за земјоделците буквално има за сите, за ранливите категории, за невработените, буквално таму ќе најдете за секого по нешто за деталите ќе зборуваме вечер на нашата средба со граѓаните. Од прилика имаме 20-тина проекти позади кои ја брендираме нашата кампања, тие истите ќе ги повториме вечер на средба со граѓаните. И јас сум сигурен од она што можам да го нудам дека оваа програма наречена „Проект-Обнова“, навистина предизвика внимание секаде онаму каде што бев овие 12 дена. За разлика од тоа нашиот политички противник гледаме се уште не може да се соземе и да барем еден проект кој што е поврзан со нивната програма да го анализира. Всушност има еден кој што пред некој ден го споменуваат, а тоа е во периодот пред изборите во април месец што требаше да се случат, најавија пораст на платата на 36.000 денари, сега ја намалија на 34.000 денари. Оние 30.000 фамозни, 500 евра плата сега се 34.000 денари. Иако за целиот 3 годишен и некој месец мандат не успеаја буквално ниту 2-2.500 денари да ја зголемат платата, и покрај сиот државен интервенционализам и сите оние наметнати политики успеаја да стигнат до нешто повеќе од 25.000 денари. Така што едната лага сега се прошири и надгради, наместо 30.000 стана 34.000 денари. Но оставам тоа на нив, оставам на нивниот начин на обраќање на граѓаните, ние цениме дека ова што го правиме наидува на поддршка и впрочем еве за нешто помалку од 10 дена граѓаните ќе дадат одговор на оваа кампања, кој успеал да ги добие симпатиите, а кој не успеал.
Прашање: Шекеринска вели дека е лицемерно ВМРО-ДПМНЕ да зборува за правда и правна држава, кој не може да му достави од судските власти покана на Милошоски. Милошоски вели дека од 10-ти април ја има примено поканата, тој е на инфективна нели.
Одговор: Лицемерно е кога Шекеринска зборува за лицемерие бидејќи таа е заменик – претседател на лице кое што е два пати аболирано за сторен криминал. Лице кое што во минатото сите ние го гледавме како води политика по принципот евро за батето, евро за другите. Лицемерно е кога Шекеринска зборува за лицемерие, а притоа во ниту еден момент не споменува висок функционер доскорешен директор како туце со банкноти става во куфер. Исто така и лицемерно е од Шекеринска да зборува за лицемерие наместо да се фокусира на „Рекетот“, на Луј Витон куферот полн со евро банкноти, на „трас трас“ судските одлуки. Впрочем е лицемерно Шекеринска да зборува, доста е од транзициони политичари, истрошени политичари, кои што навистина покрај празните флоскули кои што се дел од нивниот политички хабитус немаат ништо што да понудат на граѓаните. Време е за луѓе кои што се мотивирани, кои што позади себе имаат голема биографија да понудат нешто поразлично од ова политичко мочуриште што го нуди ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев.
Прашање: Коментар за изјавата на Села, ако ти направат македонска влада, тие ќе направат албанска влада.
Одговор: Па, тоа е исто дел од оној фолклор кој што се случува помеѓу албанските политички партии, кој да отиде по десно во наративот. Јас колку што знам, господинот Ахмети ги повикуваше Албанците паартии, пред да почне оваа кампања, да формираат албанска коалиција, од страна на господинот Села тоа беше одбиено. Сега не знам што го натера, наеднаш, да размислува во таа насока. Тоа е етноцентрично, тоа не е во духот на она што ни претстои, а тоа се конечно датум за отпочнување на преговори со Европската Унија и приближување кон Европската Унија бидејќи оваа држава е заедничка за сите граѓани. За Македонците, кој што се мнозинска заедница и за немнозинските заедници како што се Албанците, Турците, Ромите, Власите, Србите, Бошњаците и секоја изјава која што оваа хармонија ќе ја наруши не е добра и на тој начин не се мобилизираат гласови туку напротив, се демагнетизираат, демобилизираат гласови. Но, впрочем, тоа е начинот на кој што тие одбрале да ја водат нивната политика.
Прашање: Тогаш зошто Заев ви понуди, евентуално 15 пратеници или пак 8 Вие?
Одговор: Тоа ќе го прашате господинот Зоран Заев, тој ја даде таа изјава, јас не ја дадов таа изјава. Но, да бидеме прецизни, он на тоа помалку комично соочување, кажа 13 пратеници му се потребни од ВМРО-ДПМНЕ а он би дал, ако не се лажам, пет или осум, алудирајќи на математика која што на нему само му е позната. Иако јас до ден денеска сум прилично вешт во математиката не можам да се сетам што сакаше да каже, но тоа го зборуваше господинот Заев. Претпоставувам ќе дојде овде во Прилеп и ќе можете него да лично и директно да го прашате. Но јас, со луѓе за кои што постои основано сомневање за сторен криминал, немам намера да коалицирам. Еден од тие ликови е господинот Зоран Заев.