Реал Мадрид го победи Атлетик (1:0) во шпанското првенство, постигнувајќи четврта „сува” победа во низа. По 34 кола, мадридскиот тим има примено само 21 гол. Ова е најдобриот скор на клубот од сезоната 1987/88, кога прими 20 голови на 34 натпревари.
Голманот Тибо Куртоа има низа од 17 меча без примен гол натпреварите во сезоната во Ла Лига. Ова е најдобриот резултат на Реал Мадрид во последните 25 години.