Луис Суарез постигна еден го во победата од 4:1 на Барселона на гостувањето кај Виљареал во 34. коло од фудбалскиот шампионат на Шпанија.
За Уругваецот оваа беше 194. погодок во дресот на каталонскиот клуб со што се изедначи со Ласло Кубала на вечната листа на стрелци.
На втората позиција е Сезар Родригез со 232 гола додека лидер е сегашниот капитенот на тимот, Лионел Меси со 441 гол.
Оваа сезона, 33-годишниот Суарез има 17 голови и 12 асистенции на 30 натпревари.