Пет нови „бомби“ се објавени на Јутјуб каналот Обнова на режимот каде повторно се објавија разговори меѓу носителот на пратеничката листа во изборната единица три, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
На каналот се поставени пет нови снимки, именувани како „Јанушев 4 чартер летови за ДПМНЕ“, „Резервирајте ако треба и празен нека биде“, „Јанушев и Миле 190 илјади евра Бетон да плати“, „Цени да ги вратат недела попладне“, „Уништување документи Игор Јанушев“.
Во првиот разговор се слуша договор за организирање на летови, за како што велат „нашите“ од Италија и Цирих. Во вториот разговор, се зборува за тоа колку ќе изнесува цената за да се резервираат авионите, но и колку патници ќе можат да пренесат.
Во третиот разговор Јанакиески и Јанушев споменуваат дека вкупната цена за летовите ќе биде 190 илјади евра. Во посебна снимка објавена на истиот канал се зборува за термините кога ќе ги донесат патниците, а кога да ги вратат назад.
Во последниот разговор, Јанакиевски го прашува Јанушев дали средиле се со документите и картите на што Јанушев одговара „Да, да, средивме се, кај Наде ги оставивме, требаше да ги уништат“.