Во изминаттите 10 дена, кризата со корона вирусот секаде ескалираше, изјави на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Според него, во регионот секаде расте бројот на новзаболени, па така, во Србија има преку 300 случаи на ден, Бугарија преку 150, Хрватска 86, Албанија 70, Косово преку 100 случаи на ден итн.
-СЗО извести дека 60 отсто од случаите од 10.000.000 се регистриани во јуни. Кај нас новиот бран дојде нешто порано, односно рано го детектиравме, рече Филипче.
Според него тоа е последица на попуштањето на мерките. Филипче рече дека проекциите дека вирусот во текот на летото ќе исчезне, не се остварија.
Вирусот е тука и ќе остане. Мора да ги почитуваме мерки за лична заштита, апелираше Филипче, додавајќи дека можеби епидемијата ќе трае подолго отколку што сите очекуваа.
– Во последната недела имаме 303 помалку заболени, но и помалку починати, а повеќе оздравени. Инциденцата е нешто пониска. Р0 факторот на преносливост е нешто над 1, а во останатиот период претходно е околу 0,9 , додаде Филипче.