Ѓорческа за еден час ја среди Јоксовиќ во Белград

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на Источноевропскиот турнир кој се одржува во Белград без проблеми ја совлада домашната претставничка Доротеја Јоксовиќ (2:0).

Лина првиот сет го доби со убедливи 6-0, по што во вториот сет мораше малку да запне и да го добие со 6-4. Македонската тенисерка за само 60 минути ја мина Јоксовиќ во втората рунда на турнирот во Србија.

Треба да знаете
Последни објави