Динамо Загреб и тренерот Јовичевиќ ја завршија соработката

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб и тренерот Игор Јовичевиќ договорно ја завршија соработката, соопшти на клупскиот сајт тимот од Максимир.

Јовичевиќ е сменет од првата позиција на жешката клупа по првенствениот пораз од Риека (2:0). Во измиантите седум кола под негово водство Динамо забележа само три победи и тоа беше сигнал раководството да го повлече првиот потег за рокада на тренерската позиција.

Јовичевиќ го презеде тимот на Динамо на 22 април откако беше разрешен Ненад Бјелица, бидејќи не се согласуваше да им бидат намелени платите на фудбалерите поради пандемијата со коранавирусот која предизвика и прекин на сезоната.

 

Треба да знаете
Последни објави