Светската здравствена организација доби извештаи дека САД официјално го известиле генералниот секретар на ОН за повлекувањето од СЗО, но таа меѓународна организација наведува дека нема повеќе информации.
„Добивме извештаи дека САД доставиле официјално известување до генералниот секретар на ОН за повлекување од СЗО на 6 јули 2021 година”, се вели во изјавата на портпарол на СЗО.
„Засега немаме повеќе информации”, додаде тој.
ОН вчера објавија дека добиле официјално известување за одлуката на Доналд Трамп пред повеќе од еден месец. Информацијата за повлекување на САД од СЗО за првпат ја пренесе сенаторот Роберт Менедез, кој на Твитер објави дека Конгресот добил текст во кој Трамп и официјално ја повлекува државата од таа организација.
„Конгресот доби текст во кој претседателот официјално ги повлекува САД од СЗО среде пандемија”, напиша Менендез, член на демократите во Комисијата за надворешни работи во Сенатот.
Веднаш потоа, американските власти ја потврдија информацијата, во која се наведува дека повлекувањето ќе стапи на сила за една година, односно на 6 јули 2021 година.