За полицијата во Белград нема дилеми. Познати и се организаторите кои го иницирале влегувањето во Собранието на Србија. Според директорот на полициските сили Владимир Ребиќ еден од организаторите е Дамнјан Кнежевиќ, кој со четворица други е упасен, додека поранешниот пратеник Срѓан Ного кој истотака го иницирал овој чин за влегување во Собранието заминал од местото на настанот пред да пристигнат полициските сили.
-Кнежевиќ и Ного се иницијаторите и организаторите за влегување во Собранието и нападот на полициските службеници. Дополнително ќе се утврдува кои стои зад организирањето на протест – изјавил Ребиќ.
Полицијата ќе се консултира со надлежните служби и обвинителството какви чекори да преземе околу активностите кои ги иницирал Ного.