Зголемено ниво во однос на јулскиот просек имаат реките Вардар кај Демир Капија и Бабуна кај Богомила, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Кај останатите реки во државава се бележи ниво во рамки на просекот или под него. Зголемено ниво е регистрирано и на Дојранското Езеро, додека минимално намалување на нивото има на Преспанското Езеро.