Холандија денеска одлучи да ги затвори границите за влез на граѓаните од Србија и Црна Гора, само една недела откако ги крена рампите. Причина е големиот број на новоинфицирани лица со коронавирусот кои се евидентирани во овие земји.
Србија и Црна Гора се најдоа на листата со 14 земји кои не се членки на ЕУ, а нивните граѓани да можат од 1 јули да влегуваат во евро-зоната без посебни процедури поради пандемијата со коронавирусот.