„Дали ќе го знаеш моето име ако те видам во рајот? Дали ќе бидеш ист ако те видам во рајот?“, ова се стихови од една од најпознатите балади во светот зад која стои тажната животна приказна на Ерик Клептон.
Веројатно нема некој што барем еднаш не ја слушнал баладата на Ерик Клептон Tears in heaven. Песната е од 1991 година и преку ноќ стана популарна на целата планета и беше меѓу топ-10 најслушани во дури 20 земји.
Освои три награди „Греми“ – за песна на годината и албум на годината, имаше награда и за најдобар машки уметник. Тоа можеби е сон на секој музички автор и композитор, но во овој случај не е баш така затоа што зад Тears in heaven лежи тагата и несреќата, кои е најлошиот кошмар и примарен страв на секој родител.
За Клептон, оваа песна, всушност, беше начин да се ослободи од болката и страдањето што ги почувствува по трагичната смрт на својот четиригодишен син Конор. Песната која опишува длабока и непоправлива загуба, силна болка и неопислив раздор во душата на родител што ја изгубил најважната работа во животот – детето, добива една сосема нова димензија кога ја слушате знаејќи на кому му е посветена.
Тоа трагично утро на 20 март 1991 година малиот Конор во станот во кој живеел со својата мајка паднал од случајно отворениот прозорец од 53. кат од облакодерот. Ерик Клептон во тоа време бил во хотел и планирал да го земе Конор за да го одведе во зоолошката градина „Централ Парк“…
Преземено од reporter.mk