Уставниот суд реши по одморите да одржи подготвителна седница за оценување на уставноста и законитоста на одредбите кои предвидуваат казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки и одлучи да не поведе постапка за оценување на уредбата за издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги и на уредбата за прашања поврзани со изборниот процес.
Од Уставниот суд, за МИА информираат дека од септември месец ќе се одреди време за организирање на подготвителната седница со експерти, по што ќе одлучува по иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Член 353 став 5 од Кривичниот законик, кој предвидува казна затвор од минимум пет години за функционери кои го оштетиле буџетот со јавни набавки.
– Првата точка се одложи за после одморите, кога ќе има подготвителна седница каде ќе се викнат гости од науката и струката за да се решат некои спорни правни прашања по однос на член 353 став 5, брифираат од Уставниот суд, за иницијативата која беше разгледана како прва точка на денешната 24-та седница, информираат од Судот.
Уставниот суд, како втора точка, ја разгледал и иницијативата за оценување на уредбата со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба и уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, но одлучено е да не се поведе постапка по оваа точка.
Како 11 точка, на дневен ред, била разгледана иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба бр.90/2020 и нејзиното дополнување бр.154/2020.
– Во однос на точка 11 е поведена постапка. По Уредбата со законска сила за закупците на плажи се поведе постапка и бидејќи уредбата нема допирни точки со пандемијата и регулура односи кои се однесуваат на редовна состојба, а не во вонредна, информирата од Уставниот суд.
Уставниот суд на денешната седница разгледа повеќе иницијативи за оценување на неколку уредби со законска сила, но нема други интервентни постапки.