Најмалку седум косовски државјани, позитивни на корона вирусот влегле и излегле од земјава во понеделникот, објави телевизија „Алфа“ повикувајчи се на информации од епидемиолози кои со месеци работат на детектирање на пациентите позитивни на Ковид 19.
Според информациите, странците во земјава влегле со цел да се тестираат за вирусот во приватна болница во Скопје, а по добиените резултати си заминале дома. Ова пак го вклучува алармот, каде странците се движеле и со кого се имале контакт во часовите додека ги чекале резултатите од тестирањето.
Сепак, резултатите од позитивните тестирања стигнале до центрите за јавно здравје, но според нашите информации тие не влегле во домашната ковид статистика.
Епидемиолозите, кои информацијата ја споделија со Алфа, алармираат дека ова уште повеќе им ја отежнува работата, оти овие лица ниту имаат адреса во државава, ниту пак некој може да го следи нивното движење.