Најмалку 239 луѓе загинаа, а 3.500 се упасени во немирите во Етиопија, што траат повеќе од една недела.
Во регионот Оромиа загинале 215 цивили, девет полицајци и пет членови на милицијата, изјави регионалниот шеф на полицијата Мустафа Кедир.
Етиописките власти соопштија дека во главниот град Адис Абеба загинале десет лица во протестите по смртта на пејачот Ашалу Ундеса од етничката мнозинска заедница Оромо.
Ундеса беше застрелан и убиен на 29 јуни во главниот град Адис Абеба, а неговите приврзаници ги обвинија безбедносните сили дека убиството е „политички мотивирано”. Тој беше истакнат учесник во антивладините протести што доведоа до промена на власта во 2018 година, по што за премиер е избран Аби Ахмед Али, добитник на Нобеловата награда за мир 2019 година.
Оромо е најголема етничка група во Етиопија, но нивен припадник никогаш не бил на власт, освен што на актуелниот премиер Али му помогнаа да дојде на власт.
Според локалните медиуми, има и меѓуетнички судири помеѓу приопадниците на заедницата Оромо и на заедницата Амхара.